Транспарент на кој беше напишано ,,Центар не е Белград”, деновиве, осамна на оградата од Општина Центар. Пораката, закачена токму на влезот пред општината, каде веќе четврта година градоначалник е Саша Богдановиќ од СДСМ, непознат/и сторител/и ја испратил во знак на револт. И тоа, неколку дена по неговата скандалозна свадба на Косово, на која неговите сватови изнесоа национал-шовинистички ставови за непризнавање на државата Македонија и Македонската православна црква.
Како што потенцираше и Васко Ефтов во емисијата ,,Во центар”, каде гостуваше Богдановиќ, сдсмовскиот градоначалник не направил дистанца меѓу професионалниот и приватен живот и со неговото црковно венчавање во манастирот Грачаница во Косово создал политички проблем.
ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО: АНАЛИЗА: Левица расте, ВМРО-ДПМНЕ се распаѓа
Политички проблем, како на Македонија, така и на својата матична партија која имено го кандидираше за сегашната позиција, но и кај албанските коалициски партнери.
Дел од сватовите на свадбата употребуваа формулации и ставови кои ја шокираа македонската јавност – дека Македонија е Стара Србија и дека МПЦ е канонски непризната црква.
На тоа, како што нотираше Ефтов во емисијата, следуваа бурни реакции во македонската јавност.
Целата емисија може да ја погледнете на следниот линк:
https://youtu.be/e3R5PMOwVLY
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]