Полска стана боиште против Владата и Црквата по забраната за абортус

Графити на црковните sидови, протести за време на миса и лути вербални судири со свештеници се секојдневие во Полска.  Католичките цркви станаа ново бојно поле во борбата на граѓаните за одбрана на правото на абортус во Полска.

Протестите против црквата во оваа традиционално католичка земја предизвикаа владини ултиматативни предупредувања, а се мобилизираа и екстремно десничарски групи. Револуционерната страст се разгоре по низата скандали во кои учествуваа свештеници обвинети за сексуално злоставување и нивно прикривање, како и кампањата против т.н. ЛГБТ идеологии поддржани од Црквата.

„Неколку потоци ја формираа реката“, изјави за АФП, Адам Состкиевич, писател и коментатор на религиозни прашања.Католичката црква „повеќе не се смета за верска институција, туку како извор на политичко влијание“, рече тој.

Се кршат човековите права и се загрозува здравјето на жените

Масовните протести започнаа минатата недела кога полскиот Уставен суд донесе одлука дека постојниот закон, кој, дозволува абортуси на фетусот е „некомпатибилен“ со полскиот Устав.

Тоа предизвика лавина од реакции кај граѓанството, особено кај жените кои сметаат дека ограничувањето на правото на абортус ги крши човековите права и го загрозува нивното здравје.

Во Полска секоја година се прават помалку од 2.000 легални абортуси, но организациите на жените проценуваат дека скоро 200.000 жени ги вршат нелегално или пак во странство.

Неодамнешната анкета покажа дека 66 проценти од Полјаците не ја одобруваат одлуката на судот, а 69 проценти ќе го поддржат референдумот за абортус.

ПРОЧИТАЈТЕ: Што се ,,електори” или како во САД може да победи кандидат со далеку помалку гласови?

Судската одлука е поддржана и од владејачката популистичка и ултра-католичка Партија на правото и правдата .

Но, стотици илјади Полјаци излегоа на улиците протестирајќи претежно мирно, вклучително и против Црквата.

Премиерот Матеуш Моравиецки ги осуди протестите како „варварство“, а претседателот Анджеј Дуда ги опиша како „навреда на верските чувства“.

 

Лидерот на ПиС, Јарослав Качински, де факто владетел на земјата, рече дека протестите се обид за „уништување на Полска“.

Протестираат млади Полјаци, родени по падот на комунизмот

Качински, кој формално е само заменик-премиер задолжен за национална безбедност, ги повика членовите на партијата да ги „бранат црквите“.

Полските бискупи генерално ја поздравија одлуката на судот, но некои се обидуваат да ја смират јавноста.Портпаролот на полската бискупска конференција, Лешек Гесијак, им изјави на новинарите: ,,Не е црквата таа што ја започна оваа војна. Ние не го сакавме ова”.

Полскиот архиепископ Војчех Полак исто така ги повика сите страни да го отфрлат насилството и да го смират конфликтот.

Но, Состкиевич вели дека младите демонстранти го толкуваат тоа како „фестивал на лицемери”.

Младите Полјаци кои сега протестираат се родени по падот на комунизмот во 1989 година и познаваат само либерална демократија.

„Младите луѓе се далеку посекуларни од генерацијата на нивните родители или баби и дедовци и честопати се проткаени со европска, британска или американска култура отколку со полска“, рече Миколај Чесник, директор на Институтот за социјални заедници во Варшава.

Набљудувачите велат дека сè уште не е познато дали потолерантната струја на Црквата ќе надвладее над поконзервативното крило поврзано со владата.

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]
Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!