По само неколку денови од пуштањето во употреба на реконструираната улица Васил Ѓоргов во Капиштец, таа повторно е оштетена со нови прекопи. Раскопана е токму пред крстосницата со улица Водњанска, пред семафорите. Прекопот ги опфаќа сите ленти на улицата и има ширина од два метри. На терен се гледа – песок и земја.

Од Град Скопје и Општина Центар сè уште немаат никакво објаснување на своите службени страници кој и зошто го оштетил новиот асфалт, како и кој ќе ја плати санацијата. Градоначалникот Петре Шилегов, кој милува да го употребува слоганот ,,Скопје, една поинаква приказна”, не се огласил во јавност зошто приказната сепак – е една те иста. Поточно, зошто и покрај сите ветувања дека ова нема да се случува во негов мандат, повторно на сцена е старата практика – разни фирми да раскопуваат каде ќе им текне за поставување подземни инсталации.
ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО: Фејсбук го забрани интервјуто на Заев за деца под 18 години
Општина Центар заедно со Град Скопје започнаа со реконструкција на улицата Васил Ѓоргов на 1 октомври, на потегот од крстосницата со Рузвелтова до Водњанска. Обновата траеше со недели, а улицата беше нефункционална за сообраќај, што доведе до метеж на околните сообраќајници.
На овој потег, покрај нов коловоз на должина од околу 1.000 метри, инвеститорите најавија и обнова на оштетените делови од тротоарите, замена на оштетените рабници, како и корекција на крстосницата со улицата Франклин Рузвелт. Според надлежните, реконструкцијата чинеше 20 милиони денари.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]