Научниците кои ги презентираа резултатите од истражувањето велат дека тие смируваат, но не значат дека луѓето во ретки случаи не можат повторно да се заразат со оваа болест.
„Додека овие резултати ни даваат претпазлив оптимизам за силата и времетраењето на имунитетот стекнат по инфекцијата со вирусот САРС-КоВ-2, тие се само едно парче од сложувалката“, рече Пол Мос, професор по хематологија на Универзитетот во Бирмингем.
Анализирани примероци на крв од 100 пациенти
Експертите кои не биле директно вклучени во студијата велат дека откритието е важно и дека еден од многуте нови сознанија за можен имунитет на КОВИД-19.
За време на студијата, која сè уште не ги поминала проценките на други експерти, биле анализирани примероци од крв на 100 пациенти шест месеци откако тие ја надминале лесната или асимптоматска форма на болеста. Резултатите од студијата покажуваат дека нивото на антитела е намалено, но одговорот на Т-клетките, уште еден клучен дел од имунолошкиот систем – останува силен.
Покрај тоа, студијата покажала дека одговорот на Т-клетките се разликува и е значително посилен кај луѓето кои развиле симптоми на болеста, отколку кај оние кои немале никакви симптоми кога ќе се заразат.
Според истражувачите, ова може да се толкува на два начина: можно е посилниот клеточен имунитет да обезбеди подобра заштита од повторна инфекција кај луѓе кои имаат развиени симптоми, односно дека асимптоматските пациенти полесно се борат против вирусот без силен имунолошки одговор.
Овие резултати покажуваат дека неколку месеци по инфекцијата, иако нивото на антитела паѓа под видливите нивоа, сепак постои одреден степен на имунитет на болеста, рече Чарлс Бангам, претседател на одделот за имунологија на Царскиот колеџ во Лондон.
„Ова е добра вест на долг рок – и во однос на развојот на вакцините и можноста за долготрајна заштита од повторна инфекција“, рече Еленор Рајли, професор по имунологија и инфектологија на Универзитетот во Единбург. Таа, сепак, истакна дека сè уште не е познато дали лицата опфатени со ова истражување се заштитени од повторна инфекција.
Иако повеќе од 46 милиони луѓе се заразени со коронавирус ширум светот, има многу малку потврдени случаи на реинфекција.