Македонија на ЕП: Со нога отворивме врата и влеговме во Европа!

Чим не нè сака Европа, ете нè нас во Европа. Со нога отворивме врата!
И во духот на нивниот европратеник. Ангел Џамбаски – нека изгори од мака, Бугарија!

Успехот на македонската национална репрезентација, во моментов, се слави во цела Македонија. Адреналинот е висок, како што може да се види на снимките во живо од сите градови, па министерот за здравство, Венко Филипче, апелираше да се почитуваат мерките за заштита од Ковид-19.

,,Македонската фудбалска репрезентација испиша историја! Македонија се пласираше на европско првенство за прв пат од осамостојувањето.

Хероите на репрезентацијата на чело со капитенот – големиот Горан Пандев, а предводена од селекторот Игор Ангеловски го изодеа патот до европско и ја израдуваа  целата нација”, напишаа од Фудбалската федерација на Македонија.

Фотографии: Фудбалска федерација на Македонија

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!