Палењето или газење на Куранот не е само по себе злосторство од омраза, утврди шведскиот обвинител. Притоа, потврдено е и официјално дека истрагите се прекинати за два антиисламски протести кои предизвикаа немири во Малме.
Шведските власти одлучија да ги затворат прелиминарните истраги против крајно десничарски политички струи коишто ги предизвикаа немирите во градот Малме во август. Членовите на ,,Страм (тврда линија) беа осомничени за поттикнување омраза кон етничка група. Но, обвинителите рекоа дека палењето и удирањето копии од исламската света книга не е кривично дело од омраза.
Два контроверзни настани се случија годинава, на 28 август. Палењето на Куранот беше снимено во областа Емилсторп, а неколку часа подоцна Куранот беше изгазен на плоштадот ,,Сторторгет”. Шведската полиција уапси тројца членови на партијата под сомнение за поттикнување омраза.
Видеа од протестите ја налутија локалната муслиманска заедница и беа предизвикани немири во градот.
Обвинителката од Малме, Софија Сирен, за весникот „Сидсвенскан“ изјави дека палењето на Куранот не е само по себе злосторство од омраза, но дека некои од извиците што се слушале биле. Полицијата не била во можност да утврди кој извикуваше извици.
Во немирите што избувнаа во Малме учествуваа околу 300 лица, при што беа повредени 15 полицајци, а штетата се проценува на 465. 000 американски долари.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]