Северна Македонија, во моментов има два приоритети, тоа е борбата со пандемијата од коронавирусот и реформската агенда на патот кон ЕУ, нагласи американската амбасадорка во земјава, Кејт Мари Брнз, во вечерашното интервју на ,,Телма” на прашањето од главниот уредник Атанас Кировски како ќе го коментира барањето на опозицијата за формирање ,,влада на национален спас”, но и барањата на фракциите за смена на лидерството во ВМРО-ДПМНЕ.
Амбасадорката даде позитивен тон за работата на Владата за време на пандемија – дека и во тешки услови успева да ја менаџира кризата најдобро што може.
Меѓудругото, нагласи таа, за време на пандемијата, САД, како наши сојузници досега помогнаа на здравствениот систем и на Северна Македонија со 4 милиони долари. А, таа помош нема да изостане и во иднина.
Лесно е да се критикува, тешко е да се наоѓаат решенија
Околу барањата на опозицијата, посочи дека сите партии се согласиле околу агендата за евроинтеграциите и треба да се обединат околу оваа ЕУ агенда, но и борбата со вирусот и пандемијата, затоа што граѓаните за сите овие нешта очекуваат решенија.
,,Лесно е да се критикува, тешко е да наоѓаат решенија”, нагласи амбасадорката.
Спорот со Бугарија најдобро е да се решава билатерално – надвор од ЕУ
На прашањето околу блокадата кон ЕУ која ја наметна нашиот сосед Бугарија, во име на САД, Кејт Мери Брнз изрази разочарување од ветото на патот кон ЕУ.
Смета дека спорот со Бугарија треба да се решава билатерално, надвор од ЕУ процесот. Се надева дека во тоа ќе помогне Германија, како претседавач со ЕУ, а Северна Македонија и Бугарија ќе ги надминат – билатералните разлики.
Северна Македонија е близок соработник на САД и во тој пријателски дух, САД, како сојузник помогна многу во решавање на ,,грчкото прашање” со ,,Преспанскиот договор”, потсети амбасадорката. Во придвижување на земјава кон евроатлантските процеси.
Влезот во НАТО за земјата значеше нови можности во економијата, енергетиката, бизнис секторот, безбедносниот аспект.
И по 20 јануари, 2021, таа соработка на секое ниво ќе продолжи, рече таа, напоменувајќи дека се наши ,,партнери и инвеститори”.
САД ќе останат ангажирани идентично како и досега, со голема поддршка на С.Македонија во евроинтеграциите, реформите, борбата со корона-кризата.
На крај од интервјуто за ,,Телма”, Мари Брнз, изрази длабока почит кон сите здравствени работници кои даваат сè од себе за време на пандемијата и придонесуваат беспоштедно за спасување на многу човечки животи.
САД е лидер во справување со корона-вирусот, вакцината ,,Фајзер” ќе биде достапна секому
Вакцината ,,Фајзер” е безбедна и ефикасна, а САД се гордее што е лидер во светот како во истражувањата за борба со Ковид-19, така и при справувањето со вирусот со новата вакцина, рече американската амбасадорка Кејт Мари Брнз, посочувајќи дека таа вакцина ќе биде достапна секому и со тоа ќе се спасат многу животи.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]