Знае ли Мицкоски со 560 милиони евра колку боци со кислород ќе се купеа, колку болници ќе се обновеа?

Пишува: // 🎬 Сашко Петров

Во текот на целиот ден, на 23 ноември, ,,партиските тролови”, како што ги нарече Филип Петровски во емисијата кај Васко Ефтов, се обидуваа предвреме да ја кренат гледаноста на интервјуто на својот партиски лидер, Мицкоски, најавено во дневникот на Сител.

На што Јоци имаше еден брилијантно-саркастичен статус: „Дечки, ставете некој лајк кај Мице, од штаб им се успале, заборавиле да го кренат лидерот со лајкови…„старо, убилачки досадно, мизерно“, напиша таа, за да ги подразбуди партиските тролови да си ја потераат работата.
Интервју, кое, уште пред да започне беше предмет на потсмев, прогласено за уште едно досадно интервју на големиот лидер на опозицијата.

Ме восхитува сознанието колку тие, демек чувари, демек загрижени за здравјето на граѓаните и самите се дел од непочитување на протоколите.

На повикот на главниот уредник на информативната програма на Сител, Славица Арсова-Спасовски да се почитуваат здравствените протоколи, да се стави маска, Миц во мачо стил, облечен во убав костим, седнат во безбедното студио, во друштво на шармантната Цаци – одби да ги испочитува здравствените протоколи, утврдени од здравствените работници.
Истите здравствени работници, коишто толку многу ги ,,почитува” и нели – им се ,,поклонува од земја до небо“.

Но, не е ова прв случај, кога Мицковски не ги почитува здравствените протоколи.  Потсетете се само на случајот „ТЕРЕТАНА“ и случајот „КАФЕАНА“. Колку само непочитување имаше од ,,големиот лидер“  кон секој здравствен работник, кој секојдневно, деноноќно, ризикувајќи го својот живот, за да спаси туѓ живот, повикуваше и апелираше на – носење на маска.

ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО: Ќе ја донира ли Мицкоски ,,белата палата” за ковид-болница, вредна 14 милиони евра?

Колку само е морбидно кога одредена политичка личност со леснотија, изгубените човечки животи поради Ковид- пандемијата ги претвора во обична статистичка бројка, правејќи споредба на починати човечки животи со државите во светот.

Колку само морбидно звучи, кога доаѓа од устата на лице кое во минатото беше дел од претходниот владеачки систем на Никола Груевски. За кој, д-р Клаус Штамајер (поранешен германски амбасадор) во едно интервју рече дека „целосно ја руинираа Македонија и ја одведоа во ќорсокак“, а сега тоа лице плука по целиот здравствен систем, а притоа беше дел од поранешниот политички систем кој директно допринесе за уривање на целиот сегашен здраствен систем.
,,Големиот лидер“ на опозицијата, целиот период од владеењето на бегалецот Никола Груевски беше дел од првите луѓе на партијата и наместо да се залага за развој и унапредување на здравствениот систем, тој искривен политички систем се залагаше за сатанизација на Скопје, преку изградба на споменици на секој метар квадратен. При целиот тој процес на сатанизација, се потрошија 560 милиони евра.
Дали знае Мицковски, со 560 милиони евра колку болнички возила, колку боци за кислород и респиратори ќе се набавеа, колку болници ќе се обновеа?

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ: Милошоски спиеше на таванот на Каракачанов и го вееше бугарското знаме

За разлика од тогашната Влада на Груевски, Владата на Зоран Заев сериозно ги зголеми платите на здравствените работници, што претставува директен чекор кон зајакнување на еден здравствен систем.

Колку само морбидно одекнува хуманистичкиот повик на Мицковски, дека тој ја има вистинската формула (стратегија)  за справување со кризата од Ковид!
Дали намерите се искрени и чесни? Дали намерите се во интерес на зачувување на здравјето на граѓаните? Дали навистина  имате вистинска дефиниција за справување со пандемијата?

Тогаш не се калкулира со барања од типот:

Под еден – распуштање на „Комисијата за заразни болести“ и формирање на нова „Стручна комисија за Ковид“. Напротив, се ставате во функција на заштита на здравјето на граѓаните и давате прифатливи предлози, предложени од ,,вашите екперти“.
,,Вашите експерти“!? Како да ги држите луѓето в џеб и тие да претставуваат ваша своина, или своина на партијата, а не како да станува збор за луѓе, експерти во својата област, индивидуи.

Под два – барањето за прогласување на полициски час, е исто така политичко калкуланство од првиот човек на опозицијата, бидејќи: повторно ќе го споменам случајот „ТЕРЕТАНА“, каде дирекно првиот човек на опозицијата, не го почитуваше полицискиот час!

И трето – без срам и перде, бара формирање на ,,експертска влада” или ,,влада за национален спас”, а притоа пред неполна година се одржаа Парламентарни избори на кои не добивате доверба од граѓаните и граѓанството!? А, притоа знаете дека мандатот за состав на Влада го добиваат партиите кои имаат мнозинство пратеници во Собранието.
Со последното барање, ,,големиот  лидер“, бара начин без спроведување на избори, да предизвика пад на владата, а со самото тоа да предизвика оформување на некаква си “влада за национален спас“, пандан на техничката во која не би се знаело „кој, што е“ и која би предизвикала длабока политичка криза, која би ја турнала државата во амбис.

Сите овие калкулации претставуваат начин како да се задржи престолот на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, кој – и те како е разнишан.

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!