На граница со Македонија: Визони заразени со коронавирус во Грција

Откриено е дека визони на две фарми во северна Грција имаат коронавирус, кажа официјален претставник на Министерството за земјоделство.

Видот на вирусот, пронајден во визоните е ист како оној што се наоѓа кај луѓето, како што изјави официјалното лице, според грчкиот весник „Катимерини“. Одгледувачот на заразените визони исто така бил позитивен на вирусот.

Биле уништени 2.500 визони на една фарма, објави весникот, цитирајќи претставник на Министерството за земјоделство, откако утврдиле присутност на вирусот кај примероци од животните кои ги тестирале.

ПРОЧИТАЈТЕ: Заев кон Каракачанов: Јас сум Македонец кој зборува македонски – доста беше омраза!

Тестирањето на работниците на фармите со визони, во областа Касторија, откри 10 позитивни случаи, наведува весникот. Трговијата со крзно од визон е важен извор на приход за Касторија. Повеќе од 60 проценти од 35.000 луѓе во Касторија работат во оваа индустрија, која одржува околу 1.500 бизниси поврзани со крзно.

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!