Поранешната македонска пливачка, Наташа Мешковска, преку социјалните мрежи распали по Александар Маленко. Таа смета дека тој треба што поскоро да се тргне од пливањето и да престане да им прави штета на пливачите, пишува МКД.МК.
Иако ја нема довербата од клубовите и пливачите во Македонија и беше сменет од функцијата претседател на Пливачката федерација на Македонија, Александар Маленко сè уште е во пливањето.
Речиси сите кои му ја дадоа поддршката кога стана претседател и вети дека ќе се залага за подобро утре на македонското пливање, веќе одамна му го свртеа грбот.
Со свое мислење се јави и Наташа Мешковска која заедно со Александар Маленко во деведесетите години ја претставуваа Македонија на меѓународната сцена. Очигледно револтот кај неа е толку голем што не штедеше зборови за својот поранешен колега.
Целиот текст прочитајте го на МКД.МК.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]