Протече список со повеќе од 2.000 затвореници од еден кинески логор, каде се наоѓаат припадници на турско-муслиманското малцинство.
Владата, затвора луѓе само затоа што се родени во 90-те години од минатиот век или разговараат со роднини кои живеат во странство.
Документите се добиени од меѓународната организација ,,Human rights watch”, а се однесуваат на регионот Ксинџијанг. Од овој извештај може да се дознаат нови факти за властите во овој регион- дека ги следат лицата на работа, знаат што посетуваат на Интернет, со кого зборуваат, а истото се однесува и за секојдневниот живот.
China is mis-using big data for policing in Xinjiang, targeting Turkic Muslims;
UN should continue to monitor Burundi;
New Tunisia law will increase violence against LGBT people;
Uganda’s cycle of electoral violence;
More in today's Daily Brief: https://t.co/FdeYX8P3BO pic.twitter.com/pSsSNOE1mR
— Human Rights Watch (@hrw) December 9, 2020
Во документите се наведени повеќе од 2.000 Ујгури, припадници на муслиманско малцинство, затворени во Аксу од 2016 до 2018 година.
Сите затворени откако биле дел од Интегрираната заедничка оперативна платформа ( ИЈОП ). Станува збор за масовна база на податоци, и тоа – лични податоци собрани од автоматско следење на Интернет и информации собрани лично од физички лица. Во таа база има информации за физичките карактеристики на една личност, бојата на автомобилот што го вози, кога влегува во софтверот на Интернет, како и луѓе кои се негови пријатели.
Според ,,Human rights watch” овој список зборува за една брутална репресија на Кина врз муслиманите во Ксинџијанг.
Повеќето биле уапсени поради ненасилно однесување и во рамките на законот, а некои биле приведени само затоа што ИЈОП ги таргетирал.
Некои од наведените причини биле дека затворените биле „родени после 198… година“ или дека биле – „генерално несигурни“. Еден човек бил затворен затоа што не плаќал закупнина за земјата, а некои затоа што практикувале полигамија.
Наспроти извештајот, кинеските власти тврдат дека затвораат потенцијални екстремисти и терористи во тие кампови, иако првично државата негирала дека воопшто постојат.
Сепак, добиените документи покажуваат тортура. Една жена била затворена, откако било утврдено дека добила четири повици од сестра која живее во странство. Истражувачите разговарале со медицинската сестра, која потврдила дека полицијата ја испрашувала нејзината сестра пред да биде затворена. Двете сестри не зборуваат оттогаш, иако една сестра што живее во странство слушнала дека нејзината сестра во Кина сега работи во фабрика и дека смее да оди дома само за време на викендите.
Организациите за човекови права и претходно алармирале за масовните повреди на човековите права во Ксинџијанг.
Ова е втор таков документ. Првиот список се однесувал на Каракакс, како властите избираат кого ќе приведат. Но, таа листа дала увид како се спроведуваат притворите на дневна основа.
Организациите за човекови права претходно ги опишаа масовните повреди на човековите права во Ксинџијанг од типот – притворање на милиони луѓе во логори, присилната работа, масовната стерилизација на жени и забраната на верските и културните практики и употребата на јазик.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]