Јужноафриканските експерти го идентификуваа вирусот „вирус 501.V2“ и ја известија Светската здравствена организација (СЗО), се вели во изјавата на министерот Звелини Мхизе.
Тие забележаа дека во последните два месеци преовладува посебен вид во резултатите.
Покрај тоа, јужноафриканските лекари забележале дека епидемиолошката слика се менува и дека има сè повеќе млади пациенти без коморбидитети кои развиваат тешка форма на болеста.
,,Сите индикации се дека овој нов вид е носител на вториот бран низ кој поминуваме”, додаде министерот.
Тим научници од Јужна Африка предводен од професорот Тулио де Оливеиро ги споделија своите забелешки со научната заедница.
Претходните мутации на САРС CoV2 веќе беа откриени и пријавени ширум светот.
Јужна Африка, официјално убедливо е најтешко погодена на континентот, имаше 24.255 смртни случаи и над 900.000 заразени во петокот вечерта, вклучувајќи 8.700 нови случаи за 24 часа.
Во екот на првиот бран во јули, имало до 12.000 заразени на ден.
🔴 ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:
https://joci.mk/2020/12/19/%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D1%80%D0%BE%D0%BD-%D0%BE%D1%82%D0%BA%D1%80%D0%B8%D0%B2%D0%B0-%D0%BA%D0%B0%D0%BA%D0%BE-%D1%81%D0%B5-%D1%87%D1%83%D0%B2%D1%81%D1%82%D0%B2%D1%83%D0%B2%D0%B0-%D0%BF%D0%BE-%D0%B8%D0%BD/