Во Вашингтон, ситуацијата во моментов е вон контрола. Илјадници приврзаници на актуелниот претседател Доналд Трамп го опколија Конгресот, влегоа во зградата на Капитол Хил, претходно пробивајќи го полицискиот кордон – пред влезот.
https://twitter.com/Breaking911/status/1346900653432561665?s=20
Ситуацијата ескалираше по упадот – внатре во Конгресот беа слушнати и истрели. Полицијата распоредува нови единици со цел враќање на зградата под контрола.
Телевизијата Си-Ен-Ен информираше дека никогаш порано не се случило демонстранти да влезат во зградата на Конгресот. Односно, никогаш претходно не се случило демонстранти да ја спречуваат постапката за потврдување на изборната победа на Џо Бајден на претседателските избори.
Во Конгресот во Вашингтон, каде треба да се потврди победата на Бајден од 535 конгресмени, владее хаос, беше пуштен и гас за растерување на толпата. Претходно Трамп на своите приврзаници им порача: ,,Никогаш нема да се предадеме, никогаш нема да го признаеме тоа“.
https://twitter.com/Breaking911/status/1346905505860620291?s=20