По 17 години брак, Агнеса Орданоска, сопругата на Роберт Орданоски, која пред неколку дена поднесе документи за развод, по што тој реши да ја оцрнува во јавност на најдолен можен начин – го смени презимето. По сите јавни, а малограѓански и нецивилизирани навреди од Орданоски, таа го врати моминското презиме на социјалните мрежи – Органџиева.

Но, тоа не е сè. Човекот, кој искалкулирал дека по 17 години брак, може со мајката на своите деца да си игра како сака, во најшовинистички манир – пред само еден месец на својот профил, со песна од Блаже Конески, ја нарекол – ,,остварен сон” и ,,љубов”.
Прашањето е, кој ќе ја заштити оваа жена од ваков човек, кој, во рок од еден месец кога горел од љубов со ,,остварен сон”, потоа емоционално се конвертирал во друга личност и решил да се расрфла со навреди како ,,фотошоп барбика”. Просто ја фрли сопругата на малограѓаните како парче коска за глодање и тоа на роденден на едното дете. Има ли женски организации во оваа земја кои треба да заштитат мајка на две деца од човек кој себеси се поима како ,,вечен директор” на кој сè му се може? Има ли организации за заштита на детски права, имајќи предвид дека Орданоски ги вмеша и децата во својата виртуелна одмазда без преседан?

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]