,,Не ме интересира повеќе – ни имиџот, ни сеир од јавност, ништо од тоа. Пиши Јоци што сакаш за мене. Заљубен сум, ја сакам Агнеса и сакам да си го спасам бракот. Сакам да се врати, сакам децата да се вратат дома.
За мене сево ова беше шок, кога ми соопшти пред една недела дека сака развод. Не се срамам ни да кажам дека сум тажен и постојано плачам.”, раскажа во телефонски разговор Роберт (Боби) Орданоски, кој стана познат на јавноста откако својата сопруга ја нарече ,,фотошоп барбика”.
Ја обвини во статус и дека со него била во брак единствено за финансии, додека бил директор во успешни фирми, а повеќе не е. И дека тој финансиски аспект бил пресуден бракот да се оконча од нејзина страна.
Во долгиот разговор, тој кажа многу работи. Денеска побара правна помош, затоа што Агнеса му ги зема децата, ги пресели кај родителите.
Тоа, тој, го соопшти и јавно. Без никаков отпор и расправии – постапил според нејзината желба.
– Не знам како ќе спијам вечерва без моите ќерки. Очаен сум – вели Боби.
Меѓудругото раскажа дека е премногу емотивен и сиот бес и гнев кој го ,,истури” врз неа на социјалните мрежи му бил едноставно – внатрешна експлозија која се излеала и јавно, откако Агнеса не се појавила во ,,Молика” на Пелистер, каде тој организирал роденден на 17-годишната Вивиен – едната од двете ќерки.
– Знам дека е погрешно, но јас сум отворена книга. Полесно ми е вака, кога пишувам за сè – додаде тој.
Свесен е дека тој статус на ФБ предизвика поделени реакции кај јавноста – луѓе кои не го познаваат, сешто може да помислат. Сеедно му е кој, што мисли за него – ,,Да, читам како секако почнаа да ме нарекуваат ,,дебелиот директор” кој зел барбика”.
Раскажа дека откако не е на високи позиции, го напуштиле многу пријатели кои ги сметал за вистински, до пред некоја година.
Во неговиот глас нема горчина, нема злоба, нема гнев повеќе, има единствено голема тага.
– Мојот свет е разурнат. Кога ќе одиме на суд, јас нема да земам адвокат. Сè што ќе речат – ќе потпишам. Мене материјалното не ме интересира, сè нека земе.
И да….ќе носам бело знаме – се предавам – заврши Боби.
🔴 НА ИСТАТА ТЕМА:
Како сонот стана кошмар: Агнеса за сопругот ,,директор” во декември била ,,остварен сон” од Конески
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]