
Еден месец пред најавените мајски протести на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за уривање на Владата на СДСМ и ДУИ, како што информираше уште во март годинава лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, Министерството за внатрешни работи е во завршна фаза да набави нови камери за снимање.
И тоа, како што е наведено во огласот, два типа на рачни камери и еден тип на камера за во возило. Понудите ќе се отворат на 4 април, годинава, пишува на електронската страница на Јавни набавки. Вкупниот износ на планираната набавка е околу 20.000 евра без ДДВ.
Во огласот не е наведено за што точно ќе служат овие камери, дали за снимање и евидентирање на демонстранти или за нешто сосема друго. Но, според досегашното искуство од протестите во изминатите години, полицајци во цивил, со камери в рака, беа редовни на сите протести во времето на Никола Груевски. Фотографиите на неистомислениците, потоа излегуваа во медиуми и беа заокружувани со црвени кругови.
© Сите права се задржани. Забрането е копирање на содржини за комерцијални цели, преземање на текстови или делови од нив, без дозвола од авторот. Не е дозволено ниту преземање на содржините со хиперлинк до информацијата на веб страницата, без дозвола од авторот. Преземање на содржини на социјални мрежи, за некомерцијална употреба, е дозволено со хиперлинк.

