САД како во воена состојба – Националната гарда го чува Вашингтон од немири

Сите 50 американски држави и областа Колумбија каде што се наоѓа главниот град Вашингтон се во состојба на готовност за можни насилни протести викендов, пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден во среда.

Припадниците на Националната гарда од целата земја беа испратени во Вашингтон за да спречат повторување на немирите што се случија на 6 јануари.

ФБИ предупреди дека постои можност за вооружени напади од приврзаници на претседателот Доналд Трамп во главните градови на сите 50 држави.

Поради тоа е затворен паркот во Вашингтон, каде што се наоѓа споменикот на Џорџ Вашингтон. Поставени се барикади по улиците и засилени се мерките за безбедност.

Соработниците на Бајден ги советуваа Американците да не патуваат во главниот град поради пандемијата, а локалните власти изјавија инаугурацијата да се гледа на телевизија.

Фановите на Трамп најавија хаос во недела

Протестите се очекуваат особено денеска, како што е најавено на Интернет мрежите кои го поддржуваат Трамп, како и на денот на инаугурацијата во Вашингтон.

Некои групи им порачаа на своите приврзаници да не одат, а како причина ги наведоа строгите безбедносни мерки и тврдат дека планираните настани се полициска стапица.

Претходно, на Доналд Трамп му беше по втор пат изгласан ,,импичмент” во Претставничкиот дом.  Сега го чека судење во Сенатот за „поттикнување бунт“ затоа што неговите приврзаници го нападнаа Конгресот на 6 јануари.

Федералните држави низ целата земја преземаат мерки на претпазливост и повикаа да не се излегува на протести.
Гувернерите на Мериленд, Ново Мексико и Јута прогласија вонредна состојба.
Калифорнија, Пенсилванија, Мичиген, Вирџинија, Вашингтон и Висконсин ги активираа своите Национални гарди, а Тексас ќе го блокира пристапот до Парламентот додека не заврши инаугурацијата.

🔴 НА ИСТАТА ТЕМА:

Трамп заминува во историјата како срам – Претставничкиот дом го изгласа ,,импичментот”

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!