Во координирана акција против Русија, Германија, Полска и Шведска протераа руски дипломати. Овој потег доаѓа како одговор на руското протерување на дипломати од овие земји, затоа што учествувале во протестите за ослободување на опозиционерот Андреј Навални. За Москва, протерувањето на дипломатите од Русија било поради мешање во внатрешните работи.
Руското министерство за надворешни работи веднаш реагираше по објавата и прогласување за ,,персона нон грата” на тројца нивни дипломати и објави дека протерувањето е неоправдано и непријателско, објави новинската агенција Интерфакс.
Од друга страна, Европската комисија, денеска, го бранеше европскиот министер за надворешни работи Џосеп Борел кој ја посети Русија минатата недела – кога Кремљ протера тројца европски дипломати.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека протерувањето на нивки дипломати од Германија, Шведска и Полска се случило еден ден пред патувањето на Борел.
Борел на блог објави во неделата вечерта дека се занемарени неговите молби Русија да го запре протерувањето, а поранешниот шеф на одбраната на Естонија и сегашен европратеник, Рихо Терас, започна кампања со која бара оставка од Борел.
Но, Европската комисија соопшти дека не жали што Борел остварил прва посета на Русија како координатор за надворешна политика на ЕУ, бидејќи Русија беше на пат кон конфронтација што Борел се обидел да ја избегне.
Протеран и албански дипломат од Русија
Во меѓувреме, Русија, објави дека протера албански дипломат како одмазда за протерувањето на руски дипломат од Албанија во јануари.
Според руското соопштение, првата секретарка на албанската амбасада, Јонида Дрогу, е прогласена за непожелна личност.
Министерството за надворешни работи соопшти дека албанскиот дипломат мора да ја напушти Русија во рок од 72 часа.
„Ова е одмаздничка мерка по одлуката на Албанија да го протера првиот секретар на руската амбасада во Тирана“, се вели во него.
Рускиот дипломат Алексеј Кирвочеев мораше да ја напушти Албанија во јануари поради кршење на владините прописи за борба против пандемијата на коронавирусите.
Русија одговори дека тоа е „измислен изговор“.
Во март 2018 година, Албанија протера двајца руски дипломати за „вклучување во активности несоодветни за дипломатски статус“.
🔴 ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ НА ИСТАТА ТЕМА:
https://joci.mk/2021/01/23/%D1%82%D0%B0%D1%98%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BF%D0%B0%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D1%86%D0%B0%D1%80-%D0%BF%D1%83%D1%82%D0%B8%D0%BD-%D0%B8%D0%BC%D0%B0-%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B8%D0%BF/
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]