Шилегов ,,гради” на хартија – нема Луна парк, тунел, мостови, бусови на шини

Многу проекти, празни зборови, расфрлање со сликички пред камери, а речиси никаква реализација на терен и во реалноста, го карактеризира мандатот на скопскиот градоначалник, Петре Шилегов. Мандатот му е на самиот крај, а тој може да се пофали единствено со клупи, корпи, садење трева и крпење дупки. И понекое засадено цвеќе.

Скопје – град без Луна парк. Шилегов ја прекина изградбата, која ја започна Коце Трајановски

Нема ниеден ,,капиталец” од сите силни ветувања кои ги презентираше во кампања со цел растеретување на сообраќајот и намалување на метежот, во кој се гушат жителите. Камоли нешто, со кое го намали загадувањето.

Капиталните реализации се мислена именка за Шилегов – ни глас од реализација на ,,Bus rapid transit”

Нема нов автобуски систем (Bus rapid transit), нема Луна парк, тунел под Кале, мост кон Бардовци, мост од Карпош 4 кон Волково, денивелирана крстосница кај ,,Мавровка” на две нивоа, Скопје остана и без концертна сала…. Остана и без езеро Треска, за кое ветуваше ревитализација.

Тунелот под Кале остана смешно, предизборно ветување, исто и туристичката атракција – ,,Зиплајн”

Шилегов верува дека може да ги ,,купи” скопјани со шупливи ветувања, нешто кое гласачкото тело одамна го ,,свари” и го надмина. Едноставно – гласачите не веруваат во нешта кои не ги гледаат со око.

Растеретување на сообраќајот со два моста – кон Бардовци и Волково, останаа пусти ветувања во ,,книгата на жалост” наречена кампања, а исто и денивелација на крстосницата кај ,,Мавровка” – со две нивоа

Неговиот мандат се сведе на ,,ЌЕ”, токму она за кое ги критикуваше претходниците.

Шилегов обожува да се слика и да презентира проекти. И толку.
И вчера се сликаше, презентирајќи проект за реконструкција на Универзална сала.
Тажно.
А, досега имаше време ем да ја обнови, ем да се слика пред вистински објект, а не пред фотографија. И, имено – да ,,продава” виртуелна реалност.

Но, затоа многу се реални 230.000 евра кои ги потроши за украсување на Скопје за Нова Година, без прослава. И покачените цени за паркирање во време на пандемија. И повисоките сметки за вода.

🔴 НА ИСТАТА ТЕМА:

Скопје не се сака со рацете в џеб

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!