Коце постави три ,,росфрај” тоалети, Шилегов ги остави да скапуваат четири години

Зошто Скопје нема јавни тоалети?, беше една од темите во завчерашната дебата на ,,Телма” за кои жестоко беше нападнат актуелниот градоначалник Петре Шилегов од неговите противкандидати.

По ред, она кое јавноста не го знае или го заборавила.
Скопје има неколку јавни тоалети со внатрешност од ,,росфрај”(нерѓосувачки материјал), а ги набави уште Коце Трајановски при крај на мандатот.
Коце ги изгуби изборите, а Шилегов и по четири години не ги стави во функција. Идентично како што направи со Луна паркот – иако Коце го почна и набави и реквизити, Шилегов ја сопре изградбата.

Јавните тоалети поставени се на три локации во Скопје и не работат и ден-денеска – во Жена Парк, кај црквата Пресвета Богородица и на плоштадот Филип Втори (кај стоковната куќа ,,Мост”). Приклучени се на довод и одвод, не се приклучени на струја. Скапуваат и ги гризе забот на времето, не се во функција, од необјасниви причини, познати само на Шилегов.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!