Четворица во притвор за корупција: Потпретседателката на ЕП фатена на дело со ,,вреќа сметки”

Белгиското федерално обвинителство денеска соопшти дека приведе четири од шесте лица кои беа осомничени во петокот во рамки на истрагата за корупција во Европскиот парламент.

Приведена е потпретседателката на Европскиот парламент, Гркинката Ева Каили и уште три лица. Каили беше една од 14-те потпретседатели во ЕП од годинава.

Федералното обвинителство на Белгија не именуваше ниту еден од шестмината првично приведени во последните 48 часа, од кои двајца беа ослободени судски.

Приведените се обвинети за „припадност на криминална организација, перење пари и корупција“. Потпретседателката на Каили беше уапсена во петокот во Белгија, поради обид на „земја од Заливот“ да влијае врз економските и политичките одлуки на Европскиот парламент и поради обвинувања за корупција и перење пари. Катар е земјата која се споменува околу поткупот на Каили.

Освен приведувања, извршени се 16 претреси, одземени се 600.000 евра готовина и мобилни телефони.

Каили не може да го искористи пратеничкиот имунитет бидејќи во петокот била фатена на дело – со себе носела „вреќи со сметки“.

Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола дополнително ги одзела сите делегирани задачи на Каила, вклучително и нејзиното претставување на Блискиот Исток.

Левичарските европратеници, вклучително и екологистот Филип Ламбертс во име на групата Зелени во ЕП, побараа оставка од Каила, која во петокот навечер веќе беше исклучена од грчката социјалистичка партија ПАСОК.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!