Како ,,напуштена љубовница”, Петар Георгиевски викан Камиказа влезе во ,,самоубиствена битка” со Данела Арсовска со низа ,,трач муабети”. Зошто ,,самоубиствена”? Бидејќи на својот ФБ профил почна да ја напаѓа од само нему познати мотиви, поддржан од славниот Ленин Јовановски секако, но се заглави кај првото продолжение со споменување на нејзиното болно дете, по што доби низа укори и од читатели и грди коментари на негова сметка.
Патем го паметите Ленин, нели? Тоа ви е истиот кој го блокираше цел град, а потоа го фативме во ,,Трибека”, а на крај се сликаше во Катар со некои цуци. И сега не знаеме дали двајцава станале другари, т.е дали нешто се надевале, па не добиле, па фрлај дрвја и камења.
Како и да е, Камиказава не се откажува, не ја научил лекцијата. Најавил и второ продолжение со објаснување – Данела сама прва го споменала детето во интервју во кампања!? Аха, значи тврдењето на Камиказа дека само нему му раскажувала за детето [така самиот пишал] повеќе не важи, бидејќи сфатил дека баш на сите ни кажала, но тој сака да се вади, па нешто зел да ,,обландира”, па не му оди, жив хаос…
И на вториот пост читателите го ,,грабнале” со исмејување зошто смета дека само тој имал право да кука по ,,женски магазини” кога е болен, а не и друг.

Сега сфаќате зошто човеков има прекар Камиказа? Тоа ви се оние јапонски војници бомбардери – самоубици.

ПРОЧИТАЈТЕ КАДЕ БЕШЕ ЛЕНИН ДОДЕКА ГО БЛОКИРАШЕ СКОПЈЕ: