Хрватскиот поп пејач Масимо Савиќ почина денеска на 60 години, објави неговото семејство на социјалните мрежи, а јавноста е во шок.
„Нашиот татко, сопруг, гордост и љубов Масимо Савиќ почина по кратка, но херојска борба. Иако отиде од овој свет, во нашите души ќе живее вечно: насмеан, топол, силен, полн со љубов. Засекогаш ќе бидеме твои девојки”, напишаа неговата сопруга и ќерка, Ена и Мирна, на неговата официјална фејсбук страница.
Масимо Савиќ важеше за еден од најпрепознатливите вокали на некогашната југословенска музичка сцена. Кариерата ја почна како фронтмен во групата „Доријан Греј“, а потоа се посвети на соло пеење.
ФОТО: МАСИМО САВИЌ, ФЕЈСБУК ПРОФИЛ