По завчерашната трач-партија во која ја инволвираше Данела Арсовска и нејзиното болно дете, Петар Георгиевски викан Камиказа продолжува со нови ,,драмски сценарија” како кандидат на Левица кој изгуби избори.
Не му беше доволно што читателите на неговиот ФБ профил го укорија и му укажаа дека греши, па во второто продолжение повторно се занимава со болни луѓе, и тоа трети лица – жена му на пејачот Поце од ,,Меморија”.

До каде ќе оди Камиказа со своите писанија не е познато, но читателите полека му ги откриваат намерите. Еден од нив напишал дека џабе пишува, кога нема да биде организатор на овогодинешната новогодишна прослава. Меѓудругото истиот читател пишал дека Камиказа ,,лани бил мирен за 15.000 евра“, а што тоа значи – нема одговор од пејачот и по шест минати часа од коментарот.
Од друга страна, се поставува и прашањето дали односите меѓу Арсовска и Левица се разнишани кога нивниот кандидат неколку дена пред носење на Буџетот се ,,пушти” во дискредитирачки сценарија.

ПРОЧИТАЈТЕ НА ИСТАТА ТЕМА: