Костовски до Арсовска: Те шетавме во Радишани како мало дете, не знаеше ни каде е Бутел

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, без задршка и влакна на јазикот, одговори денеска на обвинувањата на скопската градоначалничка Данела Арсовска, дека тој се кити со туѓи перја околу најавената реконструкција на Радишанска – обновата ќе почне од ,,третиот влез” во населбата, во должина од 1,1 километри. Нејзината реакција дојде откако Костовски само го најави почетокот на градежните работи на негова територија, како проект за кој тој се залагал во нивната заедничка кампања, со оглед дека Арсовска и Костовски промовираа тогаш заеднички проекти. Улицата е во градска надлежност, ќе биде финансирана од градски буџет, но пред нејзиното разидување со ВМРО-ДПМНЕ, проектите пред граѓаните беа промовирани од вмровските челници се со цел таа да победи на избори.

Костовски денеска остро и` одговара на Арсовска.

,,Данела Арсовска се налутила зошто сум ја објавил реконструкција на улица Радишанска која јас лично сум и ја дал како приоритет, па напишала соопштение со отсуство на срам.

Кога Арсовска говори за срам, треба да знае дека отсуство на срам е кога пред изборите ја носевме на маалски средби, заедно ветувавме проекти, работевме за да седне во фотелјата каде удобно седи, а потоа ќе заборави на сите ветувања кои им ги даде на луѓето кои ја направија градоначалник. А потоа кога ќе ја потсетиме за тоа, ќе бидеме прогласени за виновни.

Отсуство на срам е и кога ќе заборави дека како мало дете во градинка ја носевме низ Радишани за да добие гласови за кои сега од градот добиваат затворена врата, а најголемо отсуство на срам е кога ќе заборави дека ние бевме таа структурата која таа ја молеше за вториот круг од изборите да одработат за повеќе гласови и за убедлива победа.

Отсуство на срам е однесувањето кога сето ова ќе биде заборавено, но затоа јас сум тука да ја потсетам за секој проект важен за Бутел, и се допаѓало тоа на Арсовска или не.

Впрочем мило ми е што Арсовска ја цитира програмата ,,За модерно Скопје”, за која сум убеден дека ја прочита конечно откако стана градоначалничка. Сега остана барем нешто да реализира.

Да и повторам на Арсовска – горд сум на секој проект реализиран од Градот кој јас лично ти го истакнав како приоритет, бидејки ти не знаеше каде се наоѓа општина Бутел, а камо ли да ги знаеш маките на граѓаните.

А да, за тоа кој колку е успешен единствено ќе видиме на локалните избори за три години”, напиша Костовски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!