Гинекологија не е во стечај, бараат донации зошто набавките биле бавни

Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) нема никакви долгови, кон никого, донаторската кампања која ја водат како институција била за купување на различна опрема, чијашто набавка- „со расположливиот буџет би се одвивала можеби со позабавено темпо“, објаснија надлежните во своето соопштение по вчерашниот текст кој го објави www.joci.mk со наслов- „Гинекологија како црква, почна да собира донации“, а во кој побаравме одговори дали ГАК бара финансиска помош од трети лица поради „дупка“ во Буџетот. 

Линк: https://joci.mk/2018/04/02/%D0%B3%D0%B8%D0%BD%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%BE%D0%B3%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BA%D0%B0%D0%BA%D0%BE-%D1%86%D1%80%D0%BA%D0%B2%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D1%87%D0%BD%D0%B0-%D0%B4%D0%B0-%D0%B1%D0%B0%D1%80%D0%B0/

Раководството на клиниката, на 1 април годинава, на својот службен Фејсбук профил, постираше кампања „Сите ние, пријатели на бебињата“ со барање до граѓаните и фирмите да донираат. Апелот беше под мотото-„Никогаш доволно, секогаш потребно повеќе за нашите најмили“. 

Од ГАК, во соопштението кое го именувале како „реакција“, тврдат дека здравјето на пациентите не е загрозено.
-Ве информираме дека Јавната здравствена установа, Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство нема долгови поради коишто би биле загрозени здравјето на пациентите, безбедноста на вработените или пак работењето на клиниката. Донаторската кампања е започната уште на 17-ти Ноември 2017-та година, на Светскиот ден на предвреме родените бебиња и ќе трае до ноември годинава-појасни м-р Драгана Буклица, задолжена за односи со јавност при ГАК.
Меѓудругото, потенцира, дека собраните средства ќе бидат наменети за набавка на нова опрема, а за да се расчистат сите сомнежи за наменско трошење, ГАК, има обврска на операторите, каде што се слеваат донациите, да им приложи фактури и извештаи за купената опрема.
М-р Буклица информираше дека со донациите од хуманите граѓани, општествено одговорните компании или од заинтересираните поединци, Клиниката, ја обезбедува потребната медицинска опрема, чијашто набавка со расположливиот буџет би се одвивала можеби со позабавено темпо.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!