Извадете ги иконите од здравствените книшки!

Фото: Емилија Георгиевска

 

Локација, скопска амбуланта. Време- вечно македонско, 2 април, 2018 година.
Досетливи здравствени работници, на прозорецот од приемниот шалтер, залепиле информативно ливче, со кое апелираат до пациентите да не оставаат ништо во своите здравствени книшки, чисто ако им ги изгубат, да имаат „алиби“ да не им се качат на глава, да се создаваат нервози, тензии и сè она, имено, кое е секојдневие во македонските амбуланти.
Пред сè тоа се разни нешта кои се редовно „популарни“ во преградите од зелените книшки. Како на пример, ливчиња за пазарување во маркет или на зелен пазар, потсетници за „мој термин“, снимки од заби, слики од децата или внуците, извештаи и секако- неизбежните икони, бидејќи македонскиот народ е во голем дел религиозен.

© Сите права се задржани. Забрането е копирање на содржини за комерцијални цели, преземање на текстови или делови од нив, без дозвола од авторот. Не е дозволено ниту преземање на содржините со хиперлинк до информацијата на веб страницата, без дозвола од авторот. Преземање на содржини на социјални мрежи, за некомерцијална употреба, е дозволено со хиперлинк.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!