ФОТО АРХИВА ОД САД: Македонците уште пред 100 години беа Македонци, а не Горномакедонци !

 

Во документите на Елис Ајленд, островот во САД, каде пристигаше сиромаштијата од цел свет на почеток на 20 век, уште кога Македонија не беше држава, туку под Османлиска империја, нашите печалбари се декларирале како Македонци при симнувањето од брод. И таа архива лично ја имам прегледано.

И во 2018 се појавува некојси Зоуран Заев и сака, во мирнодопски услови, при сопствена држава, да се потпишам како ,,Горномакедонка” во иднина. И во пасош, и во лична карта, матична книга на родени, возачка, сообраќајна.

Ало, Заев, или си Грк или си Македонец, нема средина !
Ти биди си што сакаш, но време ти е да се збогуваш со твојата политичка кариера. А, не претходно да не` жртвуваш сите нас.

Географска одредница е едно, но менување на етничка припадност сосема друго.
Ти, Зоуран, горномакедонецу, не ја заслужуваш Македонија !

Кога можеле некои Петре и Темелко во 1907 да се декларираат како Македонци, ти во 2018 година немаш право да не` прекрстуваш !!!

Оваа Македонија пролеала многу крв за да стане држава, а ние конечно и слободно да се викаме Македонци. Немаш право да си играш со коските на нашите претци.

Оди си !

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!