Ај, ма, пи*ка ти матер, место да ќутиш ко права жена, ти ко алапача враќаш

,,Раскажувачката”

Пишува: // Фросина Ѓорѓиоска

-Девојче може да нарачам?
-Да, повелете.
-Дај ми еден џони вокер без мраз.
-Во ред.
-А да те прашам, од скара што имате?
-Господине ова е ноќен клуб, не служиме храна.
-Ааа… а пушена риба имаш?
-Не, немаме.
-Добро, а пушена кобасица можеш да ми дадеш? – видливо горд на својата духовитост.
-Господине во моментов имаме само свежи (покажувајќи накај колегите у шанк), ќе треба сам да си ги испушите.
Одеднаш ја снема циничната насмевка. Се намршти ко Ангела Меркел на Трамп.
-Господине сакате за тука или за носење? – продолжувам да ја играм неговата игра.
-Ај, ма, пичка ти матер, место да ќутиш како вистинска жена, ти ко алапача ми враќаш. Никад више нема да ви дојдам во дисково.
-Супер, значи сум успеала.
-Слушај мори мочло, јас за тебе сум експерт. Сите ме знаат. Нема да ти дозволам да ми го рушиш интегритетот !!! – се дере и се пенави од устата како ротвајлер на кој му ја земале кременадлата.
-Господине, никако не би ни можела. За да ви биде нарушен интегритетот треба прво да го имате.
-Ама види сеа, јас сум адвокат, ти си келнерка. Има разлика. – го кажува тоа полн со себе додека ме гледа со поглед на рендген техничар.
-Има, да. Ова твоево се вика престижна ретардација. Ти си од оние што никогаш ништо не мислат и тоа подоцна им се признава вид на диплома.
-Мојата позиција дозволува да ти се обратам како сакам. Ти си платена да донесеш пијачка и да молчиш.
-Мојата позиција, со шишево во рака, дозволува да направам вечерва да бидеш главен на ургентен. А ако ти дојде обезбедувањето, група специјализанти – хирурзи на тебе ќе полагаат стручен испит. И моли се да положат со десетка. Мое е да ти кажам, твое е да не ме послушаш.

Ок, признавам. Испаднав паметна само поради неговата глупост. Во меѓувреме дојде обезбедувањето и експертски го извадија надвор нашиот ,,експерт”.
Беа љубезни и фини и му удрија елегантен шамар. Подоцна разбрав дека истата вечер отишол во друг ноќен клуб каде со друга келнерка ја пробал истата фора. Е, после треманот што го добил од нивното обезбедување, човекот морал да вади нова лична карта.

Што е тоа што ги тера луѓето на вакви вербални самоубиства? Кој е мотивот на еден средовечен маж во доцните педесетти да дојде сам во ноќен клуб со намера да се зајаде со некого? Навреден од животот ништо не му се погодува. Швалерка не може да фати заради големиот недостаток на антиперспирант и топла вода. Жена му веќе не го есапи за жив. Децата се веќе пораснати и премногу зафатени за да се занимаваат со неговите животни и останати прогнози, а во последно време и кучето го игнорира. Што му преостанува на еден таков освен да се направи ќутук и да го малтретира персоналот? Само така може да се почувствува важен.

Не им се лутам на таквите ликови бидејќи во вакви случаи не помагаат ни најреномираните здравствени установи, а Фројд и Јунг да беа живи ќе крстеа болест по него. Причините за ваквото однесување се многубројни, но триумфираат медицинските. Политичарите и овие примероци од секојдневието се доказ дека глупоста дава најголеми резултати. Негативни, се разбира, но и тоа се резултати. Интелектуалните перформанси на овој и сите останати вакви ликови се познати под терминот Мујо и Хасо. Оваа категорија на луѓе кај народот е позната и под терминот ,,проста маса”.

Но, зошто пишувам баш за ваквите општествени отпадоци? Затоа што и во калта може да се најде инспирација. Затоа што сум ја имала таа среќа да ја почувствувам бруталноста и да ја видам со свои очи грдата слика на ова општество. Затоа што многу од вас, за среќа, не ни знаат дека навистина постојат вакви ликови. А, постојат. И за жал се множат. Ситуацијата е алармантна. Звучам песимистички со текстов? Напротив. Ситуацијата на терен е далеку поужасна од ова што овде ви го раскажувам.

Настаните се вистински, но ликовите се измислени. Секое преклопување со имиња на вистински ликови е коинциденција. 

© Сите права се задржани. Забрането е копирање на содржини за комерцијални цели, преземање на текстови или делови од нив, без дозвола од авторот на веб страницата. Не е дозволено ниту преземање на содржините со хиперлинк до информацијата на веб страницата, без дозвола од авторот. Преземање на содржини на социјални мрежи, за некомерцијална употреба, е дозволено со хиперлинк. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!