Пуштено инклузивното игралиште во Влае, поставени и ,,легнати полицајци”

Населба Влае 2 доби нова зона за рекреација на најмладите. Пуштено е во употреба инклузивното игралиште, а сите реквизити се прилагодени и за децата со попреченост.
Од Општина Карпош информираа дека игралиштето е на површина од 450 метри квадратни, а во околниот дел се поставени и клупи за седење, корпи за отпадоци и заштитна ограда. Исто така, засадено е и ново зеленило.
-Градиме заедница која ги прифаќа сите.
Тоа го покажуваме и со сензорните соби во училиштата „Вера Циривири-Трена“ и „Димо Хаџи Димов“, а ваква просторија ќе добие и „Лазо Трповски“ – , рече градоначалникот Стефан Богоев.

Во оваа населба,  поставен е нов „легнат полицаец“ пред основното училиште „Димо Хаџи Димов“, а технички пречки за намалување на брзината на возење ќе се постават и пред основните училишта: „Христијан Тодоровски – Карпош“ и „Војдан Чернодрински“.

,,Легнат полицаец” пред ОУ ,,Димо Хаџи Димов” во Влае

Во населбата Криви Дол, пак, околу новиот детски парк, општинарите од Карпош, уредија зона за рекреација на најмладите, со детски реквизити, клупи, корпи за отпадоци и ново зеленило.

Уредено зеленило околу игралиштето во Криви Дол

Надлежните информираа дека Криви Дол со години бил отсечен од Карпош. Но, тоа го менуваат и наскоро ќе започне реконструкцијата и на улицата Новопроектирана 4А.

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!