,,Палете” патиките и трчајте во Парк на новата тартан патека

Граѓаните на Скопје од денеска имаат можност да се рекреираат на првата тартан патека што е оформена околу малото езеро во вториот дел од Градскиот парк. Патеката е наменета за сите граѓани, а не само за професионалните спортисти, информираа градските власти. Станува збор за атлетска синтетичка подлога, која на корисниците им дава подобри перформанси при трчање.

Прочитајте: Кога се сака, се може: Карпош ги чисти депониите на кои се палеше ѓубре

– Од денеска на скопјани им ја ставаме на располагање првата тартан патека на јавен простор, во Градскиот парк околу малото езеро. Патеката има кружна форма, долга е 534 метри и ќе послужи вљубениците во трчањето, оние што трчаат на ,,Скопскиот маратон”, но и рекреативците, да ја имаат вистинската подлога за нивната активност. Ако има интерес и увидиме дека граѓаните ја користат, Градот Скопје планира ваква кружна патека да направи и околу големото езеро во парк. Оваа патека е сместена на многу атрактивна локација, во еден од најживописните делови од паркот. Внимававме граѓаните патеката да можат да ја користат и во текот на ноќните часови, односно, таа е целосно осветлена – појасни градоначалникот Петре Шилегов на денешната промоција на новата тартан патека.

Тој ги повика граѓаните да ја искористат оваа можност што ја нуди Градот за рекреација и за поздрав живот.

Значајно е да се нагласи и дека сенките од околните дрвја ја штитат патеката од директните сончеви зраци, што ја прави атрактивна и во летниот период, кога многу граѓани го користат паркот за прошетки, одмор и рекреација.
Околу патеката е поставена и соодветна урбана опрема и придружни содржини – инфо табли, чешми, клупи и корпи за џебен отпад.

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!