КАРПОШ: Планот за Трнодол нема да се носи на сила, нова анкета во 2020 година

Урбанистичкиот план, Ј03 Блок 7, за потегот околу Трнодол и дел од Козле, ќе биде ставен на повторна Јавна презентација и Јавна анкета во првата половина на 2020 година, информираше градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев.
Воедно, тој демантираше дека планот ќе се носи на сила.
– Лажни се информациите дека ДУП-от за Трнодол и дел од Козле ќе се донесе на следната седница на Совет на Општина Карпош. – потенцираше тој.

Процесот ќе продолжи транспарентно како и досега, појаснија општинарите, а на барање на граѓаните, Јавната презентација ќе се одржи во подобри просторни услови, како сите жители би можеле да имаат увид.

Јужна обиколница на Водно, зацртана со Генералниот план на Скопје, уште во 2012 година, а законски преземена во сегашниот ДУП

– Повторно, истакнуваме дека овој Предлог-план не предвидува никакви нови населби или уништување на зеленило. Целосно е заштитен зелениот појас и истиот ќе добие намена Д2 односно заштитно зеленило. Намалена е катноста на објектите, а спорната Јужна обиколница со новиот Генерален план на Скопје (ГУП) ќе биде целосно избришана. Во овој ДУП истата се предвидува единствено од технички аспект, заради законски нужното усогласување со посточекиот ГУП. – рече градоначалникот Богоев.

Воедно, со планот се предвидува максимална безбедност на теренот – испитувања на теренот, заштита на земјиштето со потпорни ѕидови и шипови пред почеток на било каква градба. Постоечкиот план, кој сега е на важност, за објектите под Трнодол (позади „Макпетрол“) воопшто не го предвидува ова.

Од Карпош апелираат до граѓаните да бидат спокојни во однос на безбедноста и ефектите кои може да ги има градењето врз истата.

– Завршено е времето кога ДУП-овите се носеа на сила, далеку од очите на јавноста! И покрај големиот број на лажни информации и напади, ќе продолжиме да овозможуваме поголем увид во Предлог ДУП-от на граѓаните и целосно транспарентно да го водиме овој процес. – информираа општинарите.

Новата Јавна анкета повторно ќе трае и по завршување на работното време на граѓаните, за да се овозможи поголема видливост на ДУП-от и забелешки преку анкетни листови.

Во меѓувреме, на веб страната е достапен графички и текстуален дел од овој ДУП, каде што сите страни можат да се уверат во горепосоченото.

Насилството и агресијата  не смеат да бидат одлики на една од најразвиените општини во нашата држава, порачаа од Општина Карпош.

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!