Ако опозицијата продолжи да ги блокира законите за повисоки плати и пензии јас нема да си поднесам оставка на 3 јануари, изјави денеска премиерот Зоран Заев запрашан околу формирањето на техничка Влада и крај на неговиот мандат.
Повтори дека во СДСМ сериозно се размислува за одложување на изборите.
ПРОЧИТАЈТЕ: ,,Шимпанзото Коко го прослави 24.роденден со другарите – им дал дел од својата храна”
Потенцираше дека нема да дозволи, опозицијата, во Собранието да изнаоѓа начини, според деловник, да ги блoкира законите за повисоки плати и за повисоки пензии, за реализација на државните проекти кои што живот значат за граѓаните.
– Тоа за СДСМ се сериозни причини да разговараме дури и за одлагање на изборите. – рече Заев.
ШТО СЛЕДУВА ДОКОЛКУ ПРЕМИЕРОТ НЕ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА НА 3 ЈАНУАРИ, 2020 ГОДИНА?
Во случај на неподнесување оставка, актуелната Влада продолжува да функционира до крајот на својот мандат, до редовни избори, закажани во декември, 2020 година. А, 90 дена претходно треба да се изгласа ,,техничка”, поточно во септември. Но, тоа е друга прикаска одошто сегашната.
ПРОЧИТАЈТЕ: ,,Бата Живоиновиќ : На премиерата на ,,Валтер” во Кина луѓе викаа – ,,Батее, батее”
За да се формира договорената техничка Влада, потребно е премиерот да даде оставка, она кое во моментов Зоран Заев го става под знак прашалник.
Доколку во меѓувреме, партии во Собранието на Македонија, решат со мнозинство да го распуштат ова тело, се распишуваат избори од 45 до 60 дена.
Но, техничка Влада не е возможно да се формира, бидејќи таа се гласа во Собрание. Односно, ќе нема кој да ја изгласа и се оди директно на избори, а Владата ја врши функцијата до формирање на нова, по изборите.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]