[ВИДЕО] Три лица убиени , една жена обезглавена во напад со нож во Ница

Француските медиуми објавија дека најмалку три лица загинале во Ница, а неколку се повредени. Трето лице беше убиено во бар пред базиликата каде што се криеше.

Градоначалникот на Ница, Кристијан Естроси изјави дека осомничениот за нападот е уапсен, а во текот на денот се очекува во градот да пристигне – Емануел Макрон.

Според Естроси, се чини дека инцидентот бил терористички напад врз градската базилика ,,Нотр Дам” и ги замоли жителите да ја избегнуваат областа за полицијата и службите за итни случаи да ја завршат својата работа без прекини.

Француската телевизија ,,Европа 1″ објави дека маж нападнал неколку лица и обезглавил една жена. Истата информација ја објави ,,Ројтерс”, повикувајќи се на полициски извори.

ПРОЧИТАЈТЕ: ГЕРМАНИЈА ОДИ ВО КАРАНТИН: СЕ ЗАТВОРА СÈ, ЌЕ РАБОТАТ САМО УЧИЛИШТА И МАРКЕТИ

Напаѓачот бил застрелан, пренесен во болница, додека извикувал: „Алах Акбар“.
„Ле Паризиен“ известува дека антитерористичката единица ја презела истрагата за нападот затоа што се верува дека има терористички елементи.

Напаѓачот бил застрелан и ранет од градската полиција, а потоа пренесен во болница. Француските медиуми пренесуваат и дека напаѓачот извикувал „Алах Акбар“ додека болничарите го подготвувале за болницата. Таа информација ја потврди и градоначалникот на Ница, Кристијан Естроси, додаваат тие.

Според ,,Ле Паризиен”, лицето има околу 30 години и дејствувал сам.

Затворени сите цркви во Ница

Градоначалникот Кристијан Естроси исто така рече дека побарал затворање на сите цркви во градот.„Барав да се затворат сите цркви, да се затворат сите верски места, да се затворат сите јавни места што можат да бидат нападнати, како и градинките“, рече тој.
За починатиот се одржа едноминутно молчење во парламентот, а премиерот одеше од седница на седница на Кризниот штаб.Антитерористичка единица започна истрага за убиството и обидот за убиство.Претседателот на Епископската конференција на Франција, Мулин-Бофор изјави дека се моли за жртвите и за сите нивни семејства и најблиски. ,,Ле Монд” известува дека првично биле пријавени тројца убиени и тројца ранети.

Дали нападот е поврзан со оној во Париз?

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин изјави дека во тек е полициска акција и дека тој ќе го води кризниот состанок. Нападот се случи непосредно откако еден човек со чеченско потекло во Париз му ја отсече главата на францускиот професор Самуел Пети. Напаѓачот рече дека сакал да го казни затоа што им покажувал на студенти карикатури на пророкот Мухамед за време на часовите.

Не е јасно кој бил мотивот за овој напад и дали тој бил поврзан со оној во Париз.

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]
Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!