Борис Џонсон ќе гради бродови – решен е Британија да ја има најмоќната морнарица во Европа

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, ги истакна плановите за воени инвестиции – вети дека неговата земја ќе ја има најмоќната морнарица во Европа и посочи дека градењето на бродови може да помогне во бришење на поделбите меѓу четирите држави во Велика Британија.

Тој објави планови за уште 13 фрегати и нова генерација на воени бродови за кои вели дека ќе предизвика ренесанса на бродоградбата низ цела Велика Британија.„Ако има каква било политика што го зајакнува Обединетото Кралство во секоја можна смисла, тоа е градење бродови за Кралската морнарица“, рече Џонсон пред Парламентот.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ: Амбасадорката Брнз за Телма: Владата во тешки услови ја менаџира кризата, најдобро што може

Намерите му се Британија да ја има водечката улога во новата ера на глобална соработка и слободна трговија, да ја зајакне државата со модерни воени и сајбер можности.
Одлуката за новата инвестиција дојде една недела откако Џонсон му рече на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден дека Велика Британија е решена да остане негов верен воен сојузник.

Напнати односи со Шкотска

Со оглед на анкетите кои покажуваат дека повеќето луѓе во Шкотска ја поддржуваат независноста, Џонсон сега се обидува да посочи дека Англија и Шкотска можат да работат заедно.
Тој налути многу Шкотланѓани на почетокот на оваа недела кога рече дека трансферот на власта во Шкотска е „катастрофа“.Односите во Велика Британија се затегнуваат поради ,,Брегзит”, одговорот на владата кон пандемијата од коронавирусите, како и повторниот повик на Шкотската национална партија за нов референдум за независност.
Непопуларноста на Џонсон во Шкотска е главен фактор што го поттикнува растот на поддршката за независноста на Шкотска, покажа истражувањето спроведено од ,,JL Partners” минатиот месец.
Помагање на спортот во пандемија

Британската влада, меѓудругото, објави дека ќе му помогне на англискиот спорт со 300 милиони фунти (397 милиони американски долари).Рагби унијата во Англија ќе добие 135 милиони фунти, коњски трки – 40 милиони фунти и фудбалот – 28 милиони фунти.

ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО: Ќе ја донира ли Мицкоски ,,белата палата” за ковид-болница, вредна 14 милиони евра?

Објавувањето на пакетот за помош дојде откако беше објавено одложеното враќање на гледачите на трибините на почетокот на октомври поради зголемувањето на бројот на заразени низ целата земја и второто затворање на Англија во ноември.

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!