Не сфатив… Димитар Апасиев од ,,Левица” кој се фали со негласање на Закон за финансирање на партии, ете, најреволтирано сега ќе ги донира парите за народни кујни и за сиромашни? Ако може да ни објасни.
Вака, само делче од сликата – не се смета за вистина. Значи, Апасиев, задржи се на факти: колку пари ќе земете од Буџет како партија од колачот вреден 4 милиони евра и во кој џеб ќе завршат? Дај те молам, прекинете со детскиве игри, јавноста не е глупава. Може да ја играте некое време, но не и цело време.

Добро, знаеме дека нема да донирате 200.000 евра. Дури и да донирате некој ситниш за поправка на некој покрив кој прокиснува на некој социјален случај, ќе го искористите тоа за сликање. Не?
ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО: Љупчо Златев стана и радиоводител – некој му отворил и радио!?
Туку, колку ќе ставите в џепче за годинава како партија – 150.000- 200.000 евра? Колку ви следуваа?
Или сите 200.000 евра ќе ги дадете за социјални случаи?! Бидејќи, нали, сте самопрогласена работничка партија. Или раката која не гласа, не се суши кога ќе си стави 200.000 евра в џеб?
Уште мислите така некој ве поима, а не како привезоци и куклички на банкари, на олигархија, на крупен капитал да им туркате закончиња?
Цепки се ова младинциве од ,,Левица”. Не гласале, но парите од даночните обврзници сепак ќе си ги земат и пак ќе ги стават во некоја банка за камата, како оние 30.000 евра во банката кај Трифуна.
Па, сега го бранат газда Трифун со собраниски дискусии, иницирани токму од ,,Левица”, место да дебатираат за сиромаштијата и социјала, теми, кои во кампања ветија ќе ги решаваат преку собраниски дискусии. Ах, не. Поважен им е банкарот, драги пријатели. Запрашајте се зошто!
[ЈИЈ]
ПРОЧИТАЈТЕ – ПОСЛЕДНА ВЕСТ ЗА ПАРТИЈАТА ,,ЛЕВИЦА”:
Апасиев и Левица се исмејуваат со граѓаните – поднеле амандмани за маникири и телепатија
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]