Нема веќе плаќање со ,,Мастер” и ,,Виза” на Порнхаб поради силување малолетни деца

,,Mastercard” целосно ја прекина употребата на своите картички за интернет сајтот ,,Порнхаб”, додека ,,Visa” ја суспендираше деловната врска. Сето ова доаѓа откако ,,Порнхуб” беше обвинет од ,,Њујорк Тајмс” дека профитира од нелегални видеа во кои се силуваат жени и деца.

По медиумските обвинувања, ,,Mastercard” преку сопствени истражувања, дојде до сознанија за серизно кршење на правилата кои спречуваат објавување на нелегална содржива на сајтот. По овој скандал, ќе ги истражуваат и другите сајтови за порнографска содржина барајќи нелегални објави.
Од ,,Visa” пак ја суспендирале употребата на своите картички, иако нивното уште не е завршено.

Компаниските ригорозни мерки кон ,,Порнхаб” следуваат откако новинарот на ,,Њујорк Тајмс”, Николас Кристоф, објави колумна во која го обвини порно сајтот дека организира видеа што содржат силување на малолетни девојчиња и жени кои биле снимени тајно.
Во колумната се напомнува дека сајтот има само 80 модератори, луѓе кои ја контролираат содржината, наспроти ,,Фејсбук” кој има над 15.000 модератори само во САД.

Неколку примери како функционираат нелегалните објави на содржините.
Откако 15-годишно девојче исчезна на Флорида, нејзината мајка ја најде на Порнхаб – во 58 видеа за секс.
Сексуални напади врз 14-годишно девојче од Калифорнија исто така беа објавени на ,,Порнхаб” и беа пријавени кај властите, но не и од компанијата. Пријавил соученик кој ги видел видеата. Во секој случај, сторителите беа уапсени за нападите, но ,,Порнхаб” избега од одговорноста за споделување на видеата и заработка од нив.

,,Порнхаб” притоа има 3,5 милијарди посети месечно, повеќе од Нетфликс, Јаху и Амазон, а заработува од 3 милијарди прегледи на ден, од реклами. Сега веќе најавија многу промени кои значително ќе влијаат на спречувањето на нелегални видео содржини и ветија подобра контрола.

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!