Апасиев се буни зошто државата не му обезбедила паркинг место, сиромаштијата нека почека

Димитар Апасиев од ,,Левица”, откако заедно со ВМРО-ДПМНЕ, ја блокираа работата на Собранието со 3.000 амандмани, а прифати да земе без пардон околу 150.000 евра народни пари за партијата, сега -се префрлил на броење паркинг места околу законодавниот дом!? Имало помалку проектирано за 120 пратеници, бидејќи според младичов – државата изгледа треба да мисли и на возилата на пратениците и вработените!?

Чекајте…овој Апасиев нели со велосипед се сликаше, а оној другион Крмов од ,,Левица” – наводно со бус доаѓаше? Или сега откако на жиро сметка им стасуваат народни пари, животот им е полесен, па не се заморуваат со тешки теми како сиромаштија и социјала, удриле на тривии и други глупави теми?

А, Собранието, патем е објект кој е проектиран и изграден во 30-те години од минатиот век, а околните згради по земјотресот, кога Скопје имаше околу 180.000 жители.

Туку, Апасиев, човекот кој во предизборна кампања ветуваше борба за социјална правда и подобро претставување на правата на работничката класа во Собрание, во моментов изгледа има поважен проблем – се загрижил кој, каде треба да го паркира автомобилот? Или сопствениот можеби?

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ: Левица се исмејува со граѓаните, поднеле амандмани за маникир и телепатија

Изгледа е во его дека во тоа Собрание работат ,,надлуѓе”, па скопјани треба да им обезбедат личен паркинг за секој еден, и тоа – пред вратите од канцелариите, ни повеќе, ни помалку. Малку ги плаќаме 1.500 евра, па сега треба и паркинг да им изградиме, по можност и со музика кога ќе стасаат на работа размазените народни пратеници кои во моментов земаат плата, а немаат ни седници за носење на закони за подобрување на нашата живеачка.

Зошто броел Апасиев паркинг места!? Да не му се здосадил велосипедот со кој на почеток на мандат имаше фотосесија и позираше на пешачката патека на ,,Жена-парк”, нели, како новопечена манекенка на ,,Долче&Габана” и ,,Версаче”.

Туку, црново кошулче, следен пат нека пропешачи малку и нека изброи колку паркинг места има на 500 метри во катната гаража ,,Беко” и во другата катна гаража, спроти ГТЦ.

Ако за ова ,,Левица” влегуваше во Собрание, за да ни кажат колку паркинг места фалеле за пратеници, подобро нека излезат и нека продолжат да си куцкаат по социјални мрежи за ,,стрелање” и сличен таков фолклор за рубрика ,,забава”.

🔴 ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ ОКОЛУ ,,ЛЕВИЦА”:

https://joci.mk/2020/12/07/%D0%B0%D0%BF%D0%B0%D1%81%D0%B8%D0%B5%D0%B2-%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D1%83%D0%B4%D0%B5-%D0%B7%D0%B0-150-000-%D0%B5%D0%B2%D1%80%D0%B0-%D1%81%D0%B5-%D0%BD%D0%B0%D1%84%D1%80%D0%BB%D0%B8-%D0%B2%D1%80%D0%B7/

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!