Бугарија нема да ја промени својата позиција кон Северна Македонија во следните месеци, изјавиле денеска од бугарското Министерство за надворешни работи за „Труд.бг“.
„Во претстојниот период, Бугарија ќе продолжи со своите напори да им ги објасни на нашите партнери бугарските проблеми во врска со Република Северна Македонија. Очекуваме реален пристап на солидарност и разбирање од следното претседателство“, наведува бугарското Министерство за надворешни работи.
На прашањето, какви активности ќе преземе Софија во следните 6 месеци за да се најде решение за Северна Македонија, од министерството информирале дека би било неразумно да се очекува промена на бугарската позиција.
Што потпишаа Љубчо Георгиевски и Иван Костов во 1999?
Македонскиот јазик е билатерално девалвиран од ВМРО-ДПМНЕ уште во 1999 година со тогашната ,,Декларација за добрососедство” меѓу Македонија и Бугарија, потпишана меѓу премиерите – Љубчо Георгиевски и Иван Костов.
Македонскиот јазик, оттогаш, е дефиниран како уставна категорија, а нашите позиции се катастрофални околу јазикот во овој спор со соседот.
Договорот од 2017 година е речиси истиот како Декларацијата од 1999 година. Разликата е што поминаа две децении, а Македонија ,,леташе” во место.
Љубчовата ,,Декларација” имаше поширока меѓународна стратегија – Бугарија да влезе во НАТО, за да биде браник кон Русија. Историскиот товар Скопје-Софија се тргна со таа ,,Декларација”, која е идентична како Договорот од 2017 година, просто кажано. Каки и да е, уште пред 20 години прифативме ,,македонски јазик како уставна категорија” и се откажавме од малцинство.
Што се случи попат?
Бугарија влезе во НАТО во 2004, а потоа и во ЕУ, во 2007 година. Ние не добивме ништо во изминатата деценија, иако бевме кооперативни со таа ,,Декларација”.
Пред две години, по деценија талкање и погрешни политики, почнавме буквално отпочеток со премостувања на истите ,,сцили и харидби” со Бугарија.
Германија не ја ,,искара” Бугарија пред да стави вето и на тоа Екатарина Захариева е особено горда.
Во кратки црти, чим Германија не ја ,,реши” Бугарија досега – не верувам дека може било кој во иднина. Сепак, Ангела Меркел, петта година по ред е прогласена за највлијателна жена во светот, според ,,Форбс”.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]