Пратениците на ,,Левица” во Собранието на Македонија, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, побараа ,,вреќи за спиење и каучи” за да седеле на ноќна расправа⁉️
-Ние сме подготвени да останеме и цела ноќ. Ако има во службите вреќи, каучи, да ни обезбедат – ќе седиме – рече Крмов од говорница.

Спикерот Талат Џафери на ова одговори – Како па да не! Браво, браво. Ќе ви обезбедам и хотел ,,А” категорија –
Навистина, браво. Каде ги плаќаме овие двајца околу 1.500 евра месечно и секако околу 150.000 евра од државен Буџет, сега уште одмор им требало на децава од одморот по дома, со оглед дека не сме ги виделе одамна на седница. Нешто како црногорски виц звучат од ,,Левица” – чекај да се одморам од спиење.
А, колку што ме држи сеќавањето, работничката класа овие двајца ги бираше за да сработат нешто во нивно име, за социјала, за сиромашни, а не да бараат ,,каучи” за себе и да го блокираат Собранието со 3.000 амандмани во меѓувреме. Но, изгледа вака некако личи морална брука на телевизија кога ќе се замислиш многу битен фактор, па ќе ти дадат канцеларија со клима, па секретарка, па кожна фотелја, па државен кеш… А, до завчера омилено јадење ти била паштета, како што мислам еднаш посочи Апасиев за своето тееешко детство. Едноставно, не се во состојба двајцава да сфатат дека ВМРО-ДПМНЕ, од кои црпеа гласови, ќе се консолидираат за брзо време, па на следни избори ,,Левица” изгледа ќе игра со лампиони.
🔴 НА ИСТАТА ТЕМА – КОЛКУ ПАРИ ЌЕ ЗЕМЕ ,,ЛЕВИЦА” ОД ДРЖАВЕН БУЏЕТ?:
Апасиев полуде за 150.000 евра, се искара со новинари, ЗНМ ќе го пријави во полиција
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]