РЕТРО СКОПЈЕ: МВР лежи на гробишта

Старите гробишта во Скопје, од десната страна на Вардар, се до 50-те години од минатиот век се наоѓале во реонот зад Старата железничка станица. Овие гробишта го опфаќале делот каде денеска се наоѓа комплексот на МВР, зградите и куќите кај улица ,,Јордан Мијалков” (поранешна ,,Железничка”), 50 Дивизија и околните улички до Клинички центар.
По одлуката на тогашните власти за дислокација, коските од покојниците биле најпрво преместени кај поранешна фабриката ,,Црвена ѕвезда”, кај УСЈЕ и во Чаир.
Одлуката била привремена, сè до донесување на урбанистичкиот план за Бутел, кога останките биле повторно пренесени на денешната локација на Градски гробишта-Бутел.

Старите гробишта кај денешно МВР биле христијански и католички. Според сеќавањата на стари жители на градот, на ова место се закопувале луѓе кога почнала да се населува десната страна од Вардар.
Овие гробишта биле проширени во 30-те години од минатиот век. До нив се стигнувало преку ниви, кои се наоѓале кај денешен Јужен булевар (Рамстор). Биле уредени и парцелизирани. Портата се наоѓала кај бараките на Службата за општи и заеднички работи на Влада, сега веќе урнати.

Во 50-те години, Градот ги информирал семејствата дека гробиштата ќе се селат и барале секоја фамилија да се пријави за земање на останките на блиските. Тој процес на дислокација траел две до три години.
Велат, кој се пријавил си ги зел коските во вреќа, но многу останале. Подоцна кога во тој реон се граделе објекти, со багери се ваделе коски и се фрлале.
Бидејќи станува збор за свето место, свештени лица од МПЦ објаснија своевремено дека при преместување на гробишта – Црквата има посебни молитви. Сепак, од Скопската епархија своевремено немаа податоци дали местото било ,,исчистено” и исчатено, имајќи предвид дека процесот траел со години.
Кажаа дека сите попови кои во тоа време биле живи, пред 20 години, кога овој телст е напишан – беа починати. Немаа живи сведоци за настанот.
Дотолку сето ова беше обвиено со мистика и незнаење, да дури и пензионираните попови не знаеја дека на тоа место пред 70 години имало гробишта.

🔴 ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:

Ги плаќаме 1.500 евра, а размазените од ,,Левица” побараа каучи за ноќни седници!?

🚫 Текстот е авторски труд. Забрането е копирање за комерцијални цели без дозвола од авторот. Секое копирање е кражба и ќе подлежи на Законот за авторски права. Дозволено е споделување на социјални мрежи, за некомерцијални цели.

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!