(ВИДЕО) Вакцинираните се враќаат дома – се чека половина час на ,,Табановце” за влез

Околу стотина возила чекаат во секој момент, на граничниот премин ,,Табановце”, меѓу Македонија и Србија, за влез во земјава по вакцинацијата кај соседите. Колоната од двете страни е долга, а се чека околу половина час за влез, раскажаа наши соговорници кои се вакцинирале вчера во Белград, а имаат двојно државјанство – македонско и српско.

– Сè беше беспрекорно. На ниво, професионално од организаторот и докторите. За пет минути бевме вакцинирани со ,,АстраЗенека” – ни изјавија денеска тие.

Сепак, иако нашите соговорници имаат двојно државјанство, државата Србија, дозволи вакцинација и на македонски државјани – по претходно закажан термин.

За влез во Македонија на ,,Табановце” се чека околу половина час

Освен за денеска, наши државјани, имаат закажано термини за вакцинирање и за утре. Поради полицискиот час кај нас, од 22 часот, некои ќе преспијат денеска во хотелите во соседна Србија.

🔴 НА ИСТАТА ТЕМА:

Камерите на Табановце не работат – да не се гледа бруката како илјадници патуваат во Србија за вакцинација!

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!