Велика Британија, во мај годинава, ќе испрати разурнувач и противподморничка фрегата во Црното Море, во знак на солидарност со Украина и сојузниците на НАТО во регионот, изјавија извори од Кралската морнарица за „Тајмс“.
Бродовите, според весникот, спаѓаат во групата ,,носачи на авиони” лоцирани во Средоземното море. Борците Ф-35 и хеликоптерите „Мерлин“ на носачот на авиони „Кралицата Елизабета“ ќе бидат подготвени да дојдат на помош во случај на закана од руски бродови, подморници и авијација, пишува весникот. Во исто време, овој ,,носач” останува во Средоземното Море, бидејќи е забрането влегување на такви големи бродови во Црното Море.
Извор од британската морнарица за „Тајмс“ изјавил дека Лондон го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и ја повикува Русија да ја смири ситуацијата.
Претходно, САД планираа да испраќаат бродови во Црното Море. Разурнувачите „Рузвелт“ и „Доналд Кук“ требаше да пристигнат во април, но, како што објавија медиумите, Пентагон одлучи да се откаже од оваа операција, поради опасната ескалација на тензиите меѓу Русија и Украина.
🔴 НА ИСТАТА ТЕМА:
Путин гради армија на украинската граница: Опасно е дури и ако тој блефира
(Фото: НАТО)
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]