Желби на елката на Зелен хуман град: Да се смени градоначалникот и да има избори

Во недостаток на новогодишна елка во централното подрачје од Град Скопје, Зелен хуман град, кој има два члена во Советот на Скопје, собра околу 50 желби од скопјани, кои, ќе ги достави до градоначалничката Данела Арсовска и службите, а се однесуваат за новата 2023 година.

Да нема дупки и гужви по улиците; да направи пешачка зона во центарот на градот; да имам регуларен, точен и навремен јавен превоз; да имам бесплатен јавен превоз како студент на приватен факултет, се дел од желбите.

Метежот и сообраќајниот хаос се во фокусот, како и нередовниот јавен превоз и неисполнетите ветувања за бесплатен превоз и нови возила.

Некои од граѓаните напишале ,,да се смени градоначалникот” и ,,сакам нови локални избори во 2023 за нов градоначалник”.

Доминираат желбите за двојно повеќе зеленило, почист град, паркови, безбедно возење со велосипеди од исток кон запад, отстранување на контејнери од тротоари, забрана за возење на автомобили во центарот на градот, затворање кај Рекорд за возила т.е проодност само на автобуси, итна помош и ПП возила, помалку паркирани коли на тротоарите, ваучери за стерилизација на домашни миленици.

Скопјани ја потенцираа и важноста од иградба на Универзална сала и Лунапаркот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!