Повисока цена на струјата по Н.Година за 9 отсто со зголемено ДДВ?

Зголемување на струјата се очекува по Новата Година. Зголемување од 30 отсто бара МЕПСО, а ЕВН Хоум за 5 отсто. Електродистрибуција, пак, бара намалување за 2,8%.

„Доколку се прифатат барањата како што се наведени, просечната цена за малите потрошувачи и домаќинствата би се зголемила за 3,5 до 4 проценти“ -изјави Марко Бислимовски, претседател на Регулаторна комисија.

Од Нова Година речиси е извесно да се зголеми и ДДВ-то за домаќинствата – од 5 на 10 отсто во следните шест месеци, а конечната цена на струјата дали ќе биде плус 9 отсто со вклучено ДДВ ќе се знае до петок.

Очекувањата се дека во првите два блока цената ќе оди надолу, а во третиот и четвртиот ќе има извесен скок.

Поевтина струја, според најавите на надлежните, треба да добијат и малите фирми и тоа до 10 отсто. Тие засега нема да плаќаат според блокови како домаќинствата.

„Правиме дополнителни анализи и најверојатно ќе стартува од први јули, како да ги издвоиме сите типови на потрошувачи бидејќи нема логика некој што троши многу, а мора да троши многу, оти има голема потрошувачка, да го казниме и поради тоа примената ќе биде одложена“ – појасни Бислимовски.

ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!