На денешната седница на која треба да се гласа Буџетот на Скопје за 2023 година, советниците на ВМРО-ДПМНЕ предложија амандман за реконструкција и изградба на улици во скопските општини во висина од 35 милиони денари.
Градоначалничката Данела Арсовска рече дека е неприфатлив, бидејќи е нереален – за негова реализација се потребни многу повеќе средства, милиони евра, а не 35 милиони денари.
Арсовска посочи и дека до неа не стасале никакви барања за меѓуопштинска соработка. Рече дека на избори одела со своја програма ,,За модерно Скопје” и има намера неа да ја исполни.
-Не може да реализираме проекти кои се обврска и надлежност на вашите градоначалници. Тие си имаат сопствени буџет и од него треба да реализираат проекти. Градот ќе помага, но не може сé да им направи. Ние и досега помагавме, но вашите градоначалници се фалат потоа дека тие ги реализирале, а не Градот. Ви беа прифатени 50 амандмани, но вие повторно поднесувате ваков амандан со кој го блокирате буџетот“, рече Арсовска.
Амандманот не беше прифатен од мнозинството во Советот на Скопје.
НА ИСТАТА ТЕМА: