Општина Центар, во четврток и петок, ги кани скопјани на предновогодишна забава на улица Боемска 1 во Дебар маало под слоганот ,,Центар и пријателите”.
-Во четврток уживаме во детска програма, а во петок се забавуваме со Фиц од Студени нозе, Дац и Александар Митевски, тамбураши и настапот на Драган Б. Костиќ. – се вели во соопштението и додаваат дека ги чекаат сите за дружба и забава.