
Во екот на новиот скандал околу повторно дрпање буџетски пари преку дневници од патни трошоци, пратениците од СДСМ, решиле да донираат на тешко болни деца.
И сето тоа би било во ред, доколку не решиле да направат политички маркетинг од својата ,,добрина”-се пофалиле со селфи на социјални мрежи, насмеани од едно до друго уво.
Нема информации што донирале и колку средства, но секако овие луѓе, по кои јавноста деновиве фрла со дрвја и камења за нивната алчност, не чуле за христијанското начело дека левата рака не треба да знае што прави десната.
Мизерија од прв ранг ! Да се ,,возиш” партиски на грбот на болни деца.
Ништо не ве пере, другари и другарки.
Како се движеше исплатата на патни трошоци во првите 6 месеци од оваа година: Бети Рабаџиеска Наумовска (СДСМ) од декември 2017-та до мај 2018 искеширала 11.770 евра. Мира Стојчевска (СДСМ) и оваа година зела 10.396 евра, а Анета Симеска Димоска (СДСМ)- 8.359 евра.
Околу 7.000 евра им биле исплатени на Хари Локвенец и Милева Ѓорѓиева, исто од СДСМ.
Следуваат Сашко Костов, Бетиан Китев и Кети Смилеска со по 6.000 евра, а под нив е Томислав Тунтев, Жаклина Лазаревска, Мери Лазарова, од 4-5.000 евра за патни трошоци, сите од владеачката СДСМ.
Алија Камбероски од партијата ПЕИ зел 10.355 евра, Сурија Рашиди од Алијанса за Албанците добил 7.962 евра, а Агим Шаќири од ДУИ- 7.600 евра.