
Населба Влае 2 доби нова зона за рекреација на најмладите. Пуштено е во употреба инклузивното игралиште, а сите реквизити се прилагодени и за децата со попреченост.
Од Општина Карпош информираа дека игралиштето е на површина од 450 метри квадратни, а во околниот дел се поставени и клупи за седење, корпи за отпадоци и заштитна ограда. Исто така, засадено е и ново зеленило.
-Градиме заедница која ги прифаќа сите.
Тоа го покажуваме и со сензорните соби во училиштата „Вера Циривири-Трена“ и „Димо Хаџи Димов“, а ваква просторија ќе добие и „Лазо Трповски“ – , рече градоначалникот Стефан Богоев.
Во оваа населба, поставен е нов „легнат полицаец“ пред основното училиште „Димо Хаџи Димов“, а технички пречки за намалување на брзината на возење ќе се постават и пред основните училишта: „Христијан Тодоровски – Карпош“ и „Војдан Чернодрински“.

Во населбата Криви Дол, пак, околу новиот детски парк, општинарите од Карпош, уредија зона за рекреација на најмладите, со детски реквизити, клупи, корпи за отпадоци и ново зеленило.

Надлежните информираа дека Криви Дол со години бил отсечен од Карпош. Но, тоа го менуваат и наскоро ќе започне реконструкцијата и на улицата Новопроектирана 4А.
[facebook]