Илјадници граѓани, по вторпат протестираа по скопските улици против загадувањето, кое, со години има алармантни концентрации, но не и институционални решенија.
Бројката на граѓани беше поголема од првиот протест, а мотото беше „Марш за нашите животи! СТОП за 3.500 жртви од загадениот воздух!“.
Од 100 барања до надлежните, досега исполнети се само две, информираа организаторите, а тоа се околу 40 граѓански организации обединети во ,,Зелен фронт”. Рокот за делување на институциите е 31 декември, 2019 година.

Рутата по која се движеа демонстрантите беше Министерство за животна средина – Собрание – Влада.
Организаторите посочија дека доставените барања не смеат да чекаат ниту миг повеќе. Доколку не се исполнат, протестите ќе продолжат. На денешниот марш акцент беше ставен на воздухот над профитот.
ПРОЧИТАЈТЕ: ,,Шпанците запленија 3 тона кокаин во нарко-подморница”
На ,,Зелен фронт”, денеска, им се придружија и средношколците од цела земја со бојкот на наставата и парола ,,Нема воздух, нема мир”. Оние среднишколци кои не трпеа притисоци од надредени и успеаја да се организираат. Истите потоа се придружија на протестот во 17 часот.
ПОРАДИ ПРИТИСОЦИ, ШИЛЕГОВ ЈА РАЗРЕШИ ДИРЕКТОРКАТА НА ,,НИКОЛА КАРЕВ”
По објавено видео за закани кон ученици од директорка на средно училиште, скопскиот градоначалник Петре Шилегов одлучи да ja разреши директорката на гимназијата „Никола Карев“ Горица Илиовска.
Таа ги попречувала учениците да протестираат со закани за последици.
– Градот Скопје им укажува на сите раководители на своите институции дека во својата секојдневна работа треба да ги исполнуваат принципите според кои се избрани како почитувањето на правото на слободно мислење, правото на протест и демократскиот натпревар на идеи. Оваа градска администрација стои зад сечие право на протест и слободно мислење и во неа нема место за закани кон средношколците и нивното демократско право на собир и протест. – посочи Шилегов.
Правото на здрава животна средина е неприкосновено право, појаснија од Градот, исто како и правото да се протестира за истото.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]